Достапни линкови

logo-print

Нов напад во Пакистан, деветмина загинати


Кета, 09.08.2013.

Кета, 09.08.2013.

Девет лица биле убиени, а 15 други биле ранети кога вооружени напаѓачи денеска пукале врз верници кои излегувале од една сунитска џамија во Кета, главен град на провинцијата Балуџистан, соопштија локалните власти. Се претпоставува дека станува збор за напад врз поранешниот провинциски министер Али Мадад Џатак кој бил на молитва во џамијата. Тој не бил повреден во нападот. Во вчерашниот самоубиствен напад во Кета биле убиени 38 луѓе.
XS
SM
MD
LG