Достапни линкови

Израелско палестинските преговори продолжуваат на 14 август


Американскиот Стејт департмент соопшти дека новата рунда разговори меѓу палестинските и израелските преговорачи ќе се одржи на 14 август во Ерусалим, а потоа и во Ерихон. Овој втор круг на израелско палестинските преговори ќе бидат со посредство на американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток Мартин Индик. По тригоидишен прекин, овие преговори повторно беа покренати во минатата недела во Вашингтон со посредство на американскиот државен секретар Џон Кери.
XS
SM
MD
LG