Достапни линкови

Обама и Самарас се заложија за надминување на отворените прашања во регионот


Американскиот претседател Барак Обама и грчкиот премиер Андонис Самарас на синоќешната средба се заложија за решавање на отворените прашања во регионот. Грчкиот премиер изјави дека регионот околу Грција е соочен со многу проблеми, и се повика на почитувањето на меѓународното право за нивно решавање. Самарас изјави дека може многу да се постигне со надминување на овие спорови. Една од темите на разговор биле очекувањата на САД од Грција за време на грчкото претседавање со Европската унија во првата половина на 2014 година. Претходно Самарас имаше средба со државниот секретар Џон Кери.
Во меѓувреме грчките медиуми потврдија дека денеска посредникот во разговорите за спорот за името Метју Нимиц ќе присуствува на средбата на Самарас со генералниот секретар на ОН, Бан ки Мун, денеска доцна попладне во Њујорк. Се очекува спорот за името, како и статусот на Кипар, два спора кои се водат пред ОН да бидат клучни теми на оваа средба.
XS
SM
MD
LG