Достапни линкови

Средба на министрите за надворешни работи и за одбрана на САД и на Русија.


Американскиот државен секретар Џон Кери и министерот за одбрана Чек Хајгел треба да имаат средба денеска со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и за одбрана Сергеј Шоигу. До разговорите доаѓа по заладувањето на релациите меѓу двете земји. Средбата во Вашингтон се одржува по одлуката на Барак Обама да ја откаже средбата со рускиот претседател Путин наредниот месец.
Релациите меѓу САД и Русија се заладија околу неколку прашања, меѓу кои и поради одбивањето на Русија да го екстрадира Сноуден. На средбата теми ќе бидат и ситуацијата во Авганистан, Иран и во Северна Кореја, а треба да стане збор и за американско- европскиот план за поставување ракетен одбранбен штит, на што се противи Русија.
XS
SM
MD
LG