Достапни линкови

Расте бројот на загинати во нападот во Пакистан


Бројот на загинати во нападот на бомбаш самоубиец во Пакистан се искачи на 30 лица. Инцидентот се случил на гробиштата во градот Куета, каде повеќе од 50 лица се повредени. Голем број од жртвите и повредените се полицајци. Инцидентот се случил на погреб на полициски службеник кој бил застрелан утрово а меѓу загинатите е и шефот на полициски операции во Куета.
XS
SM
MD
LG