Достапни линкови

Меѓупартиски препукувања за наводни закани


Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Центар тврдат дека биле физички и вербално нападнати од членови на СДСМ и ЛДП и биле спречени да присуствуваат на отворената седница на советот вчеравечер. Претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ ги повика советниците наводниот напад да го пријават во полиција, доколку обвинувањата се точни. Во спротивно, тој рече дека ќе стане јасно дека се работи за лажни обвинувања и советничката група на “Сојузот за иднината” ќе поднесат тужба за клевета. На ова, од владеачката партија реагираа со соопштение, повикувајки го градоначалникот на Центар да ги „повика на утрински состанок“ лицата кои се заканувале на советниците од ВМРО – ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG