Достапни линкови

logo-print

Пакистан сака одржување на примирјето со Индија


Премиерот на Пакистан Наваз Шариф смета дека е многу важно да се смири ситуацијата меѓу Индија и Пакистан со цел да се одржи десетгодишното примирје на де-факто границата низ спорниот регион Кашмир. Коментарите на Шариф следат откако властите во Индија ги обвинија пакистанските војници за инцидент во кој загинаа припадници на индиска патрола. Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан и двете земји го сметаат регионот за дел од својата терирторија. Шариф изјави дека со целсходно користење на воените канали, може да се спречат нови инциденти.
XS
SM
MD
LG