Достапни линкови

Не се споменува името пред средбата на Самарас со Обама


Џо Бајден и Барак Обама

Џо Бајден и Барак Обама

Американскиот потпретседател Џо Бајден во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ не го споменува спорот со името, во пресрет на денешната средба меѓу грчкиот премиер Андонис Самарас и американскиот претседател Барак Обама. “Со нетрпение очекуваме да разговараме за претседателство на Грција со ЕУ во 2014 година, и како ние мислиме дека може да помогне во унапредувањето на нашите заеднички цели. Тоа вклучува се, од проширување на трговијата меѓу Соединетите Држави и Европа до поддршката на меѓународните и ЕУ напорите да се дојде до мирно решение на конфликтот во Сирија, за унапредување на пошироката визија за Европа, цела и слободна“ изјавил Бајден во интервју за грчкиот медиум.
XS
SM
MD
LG