Достапни линкови

logo-print

Грузија одбележува 5 години од петдневната војна


Грузија ја одбележува петгодишнината од војната со Русија во 2008 година. Со воена парада во градот Гори им се оддава почит на загинатите во конфликтот. Рускиот премиер Димитриј Медведев изјави дека Русија направила добро дело со обидите за спасување на руските граѓани во Jужна Oсетија пред пет години. Петдневната војна во 2008 година заврши откако руските трупи ги протераа грузиските војници од Јужна Осетија, по што официјална Mосква ја призна независноста на сепаратистичиот грузиски регион. Грузискиот претседател Михаил Сакашвили изјави дека не е можна официјална средба со Москва бидејки Тбилиси нема да се откаже од териториите кои, според него, се окупирани од Русија.
XS
SM
MD
LG