Достапни линкови

Пакистан со контра-обвинувања за Индија


Кашмир

Кашмир

Армијата на Пакистан ги обвини индиските вооружени сили за убиство на пакистански државјанин во близина на границата со спорниот регион Кашмир. Пакистанските власти велат дека припадници на војската на Индија отвориле оган во населенотро место Тата Пани, при што сериозно раниле маж, кој е пренесен во воена болница. Обвинувањето следи откако Индија за прв пат отворено ги обвини пакистанските сили за убиството на петмина војници во четвртокот. Индискиот министер за одбрана А.К. Антони во собранието изјави дека пакистански специјалци се одговорни за нападот на индиската армиска партола.
XS
SM
MD
LG