Достапни линкови

Нова андроид апликација за туристите во Охрид


Андроид апликација „MK Guide“.

Андроид апликација „MK Guide“.

Нова андроид апликација за паметни телефони преку која туристите, особено оние кои прв пат доаѓаат во Охрид, полесно ќе можат да се снајдат во градот и без проблем да стигнат и до сите културно историски локалитети.

Програмери од Факултетот за информатички науки од Скопје во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и охридската локална самоуправа изработија андроид апликација за паметни телефони наречена МK Guide која може да се симне од интернет и преку која туристите, особено оние кои прв пат доаѓаат во Охрид, полесно ќе можат да се снајдат во градот и без проблем да стигнат и до сите културно историски локалитети.
Тоа е извонредна алатка за еден турист, посебно за оној пазар на туристи, индивидуални туристи, кои што со сигурност дека ќе ја зголемат побарувачката за сите други содржини кои понатака ќе бидат.

Деканот на факултетот за туризам во Охрид, Сашо Коруноски, вели дека за оваа апликација наменета за туристите биле креирани специјални информации.

„Сè она што е досега внесено е оригинално, изворно за оваа апликација, не беа преземани текстови од други места и копирани, туку заради специфичноста на апликацијата, тие беа специјално креирани за оваа апликација. Она што можам да кажам е дека тоа е извонредна алатка за еден турист, посебно за оној пазар на туристи, индивидуални туристи, кои што со сигурност дека ќе ја зголемат побарувачката за сите други содржини кои понатака ќе бидат. Едноставно вие сте на дофат на информацијата која понекогаш толку ви треба, а не знаете каде да ја најдете“, рече Коруновски.

Иван Чорбев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје вели дека туристите ќе можат да ја користат програмата цело време додека се движат низ Охрид.
Станува збор за апликација со збогатена реалност, односно кога корисникот ќе се движи низ Охрид, покрај реалната слика од објектите што ја добива низ камерата на телефонот, околу самиот објект добива и дополнителни информации за тој објект кој што во моментот е во кадарот на мобилниот телефон.

„Апликацијата, откако корисникот ќе ја симне и инсталира на својот мобилен телефон со андроид оперативен систем, може да се движи низ Охрид. Станува збор за апликација со збогатена реалност, односно кога корисникот ќе се движи низ Охрид, покрај реалната слика од објектите што ја добива низ камерата на телефонот, околу самиот објект добива и дополнителни информации за тој објект кој што во моментот е во кадарот на мобилниот телефон“, вели Чорбев.

Оваа апликација за почеток ќе биде достапна само на македонски и англиски јазик. Истата во наредниот период ќе се збогатува со многу нови содржини како што се информации за ноќниот живот во Охрид, културните манифестации, претставите. Досега, на оваа апликација се вметнати 20 културно-историски локалитети.

Ѓоко Апостолов, раководител на секторот за туризам во општина Охрид, вели дека нивната поддршка за овој проект ја покажува отвореноста на Општина Охрид за соработка.

„Она сè што може да биде во доменот на иновативни идеи за промоција на Охрид, ние во секој случај и на секој можен начин ќе го поддржуваме како локална самоуправа“, изјави Апостолоски.

Учесниците, пак, на летната школа за млади европски лидери која деновиве се одржува во Охрид, а која е во организација на Економскиот факултет од Скопје ќе изработат ќе и подарат на општина Охрид софтверски модул за промоција на туризмот.
XS
SM
MD
LG