Достапни линкови

Забелешки против новиот ирански министер за правда


Мостафа Поурмохамади

Мостафа Поурмохамади

Групи за човекови права апелираа до новоизбраниот ирански претседател Хасан Рохани да ја повлече номинацијата за министер за правда. Хјуман Рајтс Воч, Репортери без граници и Меѓународната кампања за човекови права соопштија дека номинираниот Мостафа Поурмохамади е обвинет за повеќе злосторства против човештвото. Хјуман Рајтс Воч ја има документирано инволвираноста на новопредложениот министер во убиства на илјадници политички затвореници и атентати на истакнати интелектуалци. Според организацијата, Поурмохамади како министер за правда може да влијае врз истрагата против него.
XS
SM
MD
LG