Достапни линкови

Иако статистиката покажуваа дека минатата година се родиле повеќе деца од претходната, сепак жената во Македонија во својот фертилен период не раѓа ниту две деца, колку што е потребно за проста репродукција.

Само оваа година владата потрошила близу половина милион евра на кампањи за промоција на основните семејни вредности, покажуваат известувањата објавени на електронскиот систем за јавни набавки. Генералниот секретаријат на владата во неколку наврати годинава склучила договори со неколку маркетинг агенции за изработување на спотови, реклами, билборди, веб банери. Со кои ќе се промовираат семејните вредности.
Не се постигнува ефект на таков начин. Ефектот се постигнува со дела, а не со кампањи. Колку време ја водат кампањата за трето дете., а децата наши си отидоа во странство.

Во 2008 година Владата излезе со кампањата „Имај трето дете“ за подобрување на ниската стапка на наталитет, а потоа се редеа кампањи во кои владата повикува „Создајте иднина – децата се нашето најголемо богаство.“

Но потребно е многу повеќе од реклама за да се создаде еден живот, коментираат дел од анкетираните граѓани.

„Не се постигнува ефект на таков начин. Ефектот се постигнува со дела, а не со кампањи. Колку време ја водат кампањата за трето дете., а децата наши си отидоа во странство.“

„И малите деца, сите веќе ги знаат рекламите. Доста веќе, да се престане.“
Или барем стопирање на процесот на деаграризацијата во руралните средини, бидејќи таму е храната, таму има храна, има плодно земјиште, има можност за евтина изградба на станови за домување, тоа сепак се руралните средини.

„Сметам дека непотребно се фрлаат многу пари“, велат анкетираните граѓани.

Социологот Петар Атанасов вели дека државата не може да се меша во планирањето на семејството.

„Секое семејство си одредува што е добро за нив, што не е. Едно семејство си одредува дали е добро за нив да имаат едно дете, две деца, три деца или да немаат деца, вие не можете на луѓето да им кажете од утре ќе имате по три деца. Државата ги одредува условите за живот, а семејството одлучува дали ќе има едно, две или три деца.“

Иако статистичките податоци покажуваа дека минатата година се родиле повеќе деца од претходната, односно лани се родиле 23 илјади и 752 деца, што е за 3,5 проценти повеќе отколку во 2011 година, сепак жената во Македонија во својот фертилен период не раѓа ниту две деца. Во семејствата се раѓаат само по едно и пол дете(стапката на тотален фертилитет е 1,56), наместо по 2,1, колку што е потребно за проста репродукција.

Експерите ќе наведат милион причини зошто „драматично“ исчезнува населението во земјава, од економската ситуација, високата невработеност, до запустувањето на селата, иселувањето во другите земји, како и тоа што многу млади луѓе го немаат решено станбено прашање.

Професор Никола Панов кој учествувал во изработка на Стратегијата за развој на семејството вели дека еден од основните елементи за да се подобри демографската слика треба да биде враќање на луѓето на село.

„Или барем стопирање на процесот на деаграризацијата во руралните средини, бидејќи таму е храната, таму има храна, има плодно земјиште, има можност за евтина изградба на станови за домување, тоа сепак се руралните средини.“

Владините кампањи одат само на одредени медиуми, а ако сте љубител на рекламни спотови, тоа тие и ќе ви го овозможат сервирајќи реклами најчесто и по четириесет минути без престан.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG