Достапни линкови

Сиријските бунтовници тврдат дека стрелале врз Асад


Дамаск, 08.08.2013

Дамаск, 08.08.2013

Сиријските бунтовници денеска соопштија дека со гранати го нападнале конвојот на претседателот Башар Ал Асад, кога тој одел кон џамија во Дамаск. Сиријскиот министер за информации изјави дека таквите информации не се точни и оти Асад сам управувал со автомобилот, а сиријската државна телевизија прикажа снимки како Асад неповреден влегува во џамијата на одбележување на Рамазан.
Во 28-месечниот конфликт во Сирија, според Обединетите Нации, досега загинале над 100 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG