Достапни линкови

Индија директно го обвини Пакистан за инцидентот во Кашмир


Индија, за прв пат, директно ја обвини пакистанската армија за директна вмешаност во нападот во кој беа убиени 5-мина индиски војници. Индискиот министер за одбрана изјави денеска во парламентот дека пакистански специјалци биле вклучени во нападот врз индиската воена патрола во Кашмир. Тој оцени дека овој инцидент ќе ги наруши односите меѓу двете земји, а не исклучи и воен одговор.
XS
SM
MD
LG