Достапни линкови

Изгласана недоверба на преодната чешка влада


Техничката преодна влада на Чешка, предводена од премиерот Јиржи Руснoк, синоќа не ја доби довербата на Пратеничкиот дом на чешкото Собрание, но претседателот на Чешка, Милош Земан, ќе ја остави да владее во оставка. Претседателот нема да именува нов премиер додека обвинителството не направи придвижување во истрагата околу коруптивната спрега на лобистите и политичарите во текот на претходната десничарска влада и центарот на поранешниот премиер Петр Нечас.
XS
SM
MD
LG