Достапни линкови

Обама ја откажа средбата со Путин поради Сноуден


Таткото на поранешниот разузнавач, Едвард Сноуден, изјави оти не верува дека рускиот претседател Владимир Путин ќе попушти на амриканскиот притисок и ќе го екстрадира неговиот син. Ло Сноуден во интервју дадено за Ројтерс рече дека одлуката на Барак Обама да ја откаже средбата со Путин наредниот месец се должи делумно на одлуката на Русија да му даде азил на неговиот син.
Белата Куќа ја откажа средбата но Обама ќе присуствува на самитот на Г-20 во Санкт Петербург. Кремљ реагираше со разочараност на одлуката на Обама поради тоа што како што беше речено оттаму, таа покажува оти САД не се подготвени за „развивање на односите со Русија на еднаква основа“..
XS
SM
MD
LG