Достапни линкови

ООН: Ал Каеда слабее но и натаму е закана


Извештај доставен до Советот за безбедност на ООН тврди дека лидерот на Ал Каида се обидува да ги обедини различните фракции и дека групата останува да претставува закана. Во извештајот од група експерти што вчера беше испратен до ООН се вели дека новиот лидер на Ал Каеда, Ајман ал Азвахри не успеал да ги обнови раководствата на групата во Пакистан. Се нагласува и тоа дека “ограноците на Ал Каеда се подиференцирани од порано и обединети само околу една лабава идеологија и посветеност за терористичко насилство“ но дека се способни и натаму да извршуваат смртоносни напади.
XS
SM
MD
LG