Достапни линкови

logo-print

Македонија влегува во дводневна портокалова фаза


Три региони од територијата на Македонија денеска и утре ќе бидат зафатени од топлотен бран-портокалова фаза, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на најавата од Управата за хидрометеоролошки работи.

Станува збор за осоговско–малешевскиот, охридско–преспанскиот и полошкиот регион, каде се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината. Останатите три региони, скопски, јужно-вардарски и пелагонски, ќе бидат зафатени со топлотен бран од жолта фаза.

За викендот се очекува мало намалување на температурите.

Министерството за здравство препорачува утре и задутре да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години, работодавачите да го реорганизираат работното време за градежните работници и лицата кои работат на отворено со тоа што ќе се избегнуваат активности во периодот од 11 до 17 часот.
XS
SM
MD
LG