Достапни линкови

БиХ бара измени на договорот за гранични премини со Хрватска


Босна и Херцеговина ќе започне постапка за измена на договорот за граничните премини со Хрватска, со цел да се решат проблемите со кои се соочуваат граѓаните кои живеат во пограничните места, соопшти денеска Претседателството на БиХ. „Причината за донесување ваков заклучок е тешкиот секојдневен проток на луѓе и стока меѓу двете земји, со што најмногу се погодени босанските државјани кои живеат во т.н. пограничен појас со Хрватска“ пишува во соопштението од претседателството. Иницијативата на тричлениот босанко-херцеговски државен врв е доставена до Советот на министри на БиХ, во чија надлежност е натамошното спроведување на овој заклучок.
XS
SM
MD
LG