Достапни линкови

Египетската влада до демонстрантите: Трпението ни е при крај


Вршителот на премиерската должност во Египет вели дека одлуката за растурање на протестните кампови на подржувачите на екс-претседателот Мухамед Морси е конечна. Хазем ел Беблави во телевизиска изјава вели дека трпението на владата е при крај. „Уште еднаш бараме што е можно побргу да си заминат дома и да се вратат на работа“ изјави в.д. премиерот, додавајки дека до сега не се употребувала сила поради светиот месец Рамазан. Подржувачите на поранешниот исламистички претседател поставија кампови на два плоштади во Каиро по отстранувањето на Морси од власт.
XS
SM
MD
LG