Достапни линкови

Повторно отворен аеродромот во Најроби


Аеродромот во Најроби повторно е отворен за домашни и карго летови, откако пожар ја оштети халата за меѓународни пристигнувања. Неколку лица беа пренесени во болница поради вдишување чад а пожарникарите неколку часа го гаснеа пламенот кој го оштети покривот на халата. Надлежните соопштија дека почнало санирањето на штетата од пожарот во најголемиот аеродром во Африка. Причините за пожарот се непознати.
XS
SM
MD
LG