Достапни линкови

Им ја избришале куќата од ДУП-от


Лилјана Силјаноска.
Лилјана Силјаноска.

Старата куќа на семејството Силјаноски од Прилеп е избришана од Деталниот урбанистички план. За да биде апсурдот поголем, Силјаноски имаат имотен лист, и документацијата од катастарот е уредна.

Прилепчанката Лилјана Силјаноска е сериозно загрижена и за својот имот, и за безбедноста на тричленото семејство, кое живее во стара куќа, која секој ден се распаѓа. Вели собрале доволно средства за да може да ги санираат проблемите, да ја реконструираат, зашто со години не е инвестирано во неа. Но, при обидот да добие дозвола за реконструкција, како сопственик на куќата, се соочила со големи проблеми.
Секој да го прашаш и ќе се потпише, секој знае дека куќата постои, а во катастар не ни постои, а во Општина, куќата стара е избришана, а дивите градби стојат. Во секоја врата каде што тропнав, никаде не бев примена како што треба. Побаравме комисија да дојде од Скопје, во Општина ми ги искинаа документите.
Лилјана Силјаноска, жителка на Прилеп.

Како што тврди, овој објект, кој постои на истото место преку 8 децении е избришан од Деталниот урбанистички план, а двете дивоградби во дворот стојат. За да биде апсурдот поголем, Силјаноски имаат имотен лист, и документацијата од катастарот е уредна. Според неа, проблемите станале поголеми, откако соседот, чија куќа е залепена до оваа, почнал да гради. При уривање на старата куќа од соседите, куќата на Силјаноски од едната страна, останала без ѕид. Од април годинава инсистираат да се реши проблемот во локалната самоуправа, ама велат безуспешно.

„Секој да го прашаш и ќе се потпише, секој знае дека куќата постои, а во катастар не ни постои, а во Општина, куќата стара е избришана, а дивите градби стојат. Во секоја врата каде што тропнав, никаде не бев примена како што треба. Побаравме комисија да дојде од Скопје, во Општина ми ги искинаа документите. Од тука ми велат ’оди жено гради‘, а јас им велам ’море човек, дај ми црно на бело, па јас да градам, како можам така да градам на црно, тоа нема никој да ти го даде‘, ми рекоа и јас не знаев каде да одам“, изјави Силјаноска.
Од струјата паднато е, сета е расцепена, внатре таваните паѓаат, сето течи, се гледа, не мора да му кажуваш на некој, еве овде сето грга, овде само лепиме, до кога ќе лепиме, јас не знам, таваните на нас имаат паднато и греди има искршено, попуштено, таа има 80 години, не може да трае 1000 години.
Лилјана Силјаноска, жителка на Прилеп.

Таа стравува дека секој момент, објектот може да се сруши врз нив, еднаш се соочиле со ваков проблем, таваните им паднале врз главите, среќа вели поминале без повреди.

„Од струјата паднато е, сета е расцепена, внатре таваните паѓаат, сето течи, се гледа, не мора да му кажуваш на некој, еве овде сето грга, овде само лепиме, до кога ќе лепиме, јас не знам, таваните на нас имаат паднато и греди има искршено, попуштено, таа има 80 години, не може да трае 1000 години“, додава Силјаноска.

Таа се обратила со писмо и до Министерството за транспорт и врски и таму барале помош и решение на проблемот.

„И до Јанакиески имаме писмо пратено. Ние бараме тоа, еве ни врати одговор Јанакиески, ’тоа треба да ви го реши Општината во Прилеп’“, вели Силјаноска.

Од секторот за урбанизам во локалната самоуправа информираат дека проблемот настанал при изготвување на Деталниот урбанистички план пред две години. Тогаш кога се одржала јавна расправа, Силјаноски не реагирале навреме.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG