Достапни линкови

logo-print

Земјоделците тешко до пари од ИПАРД


Земјоделците се жалат дека процедурата за добивање пари од ИПАДР е сложена, а средствата од ЕУ фондовите им се посебно важни за набавката на земјоделската механизација која е скапа.

Земјоделците од Пелагониско се жалат дека тешко доаѓаат до парите од ИПАРД фондовите наменети за земјоделското стопанство. Велат дека процедурата е сложена, долга и потребни се многу документи.
Егри е 70 куќи, 300 жители, сите се земјоделци, а само еден трактор имаме земено, а има многу лица кои конкурирале. Не знам како тоа се добива, дали треба некоја врска? Не сме задоволни, постојано на телевизија се труби вака треба, онака треба, има фондови, има пари дури од повеќе, а не се користат на време.

Павле Митревски, претставник на земјоделците од битолското село Егри вели:

„Егри е 70 куќи, 300 жители, сите се земјоделци, а само еден трактор имаме земено, а има многу лица кои конкурирале. Не знам како тоа се добива, дали треба некоја врска? Не сме задоволни, постојано на телевизија се труби вака треба, онака треба, има фондови, има пари дури од повеќе, а не се користат на време.“

Земјоделците велат дека средствата од ЕУ фондовите им се посебно важни за набавката на земјоделската механизација која е скапа.
Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство.

Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство.


„Имаме аплицирано, имаме дадено документи уште чекаме за трактори, држачи, плугови, од есента конкуриравме. Приклучната механизација е 8.000 до 9.000 евра. Треба сите да ги даде, а потоа половина да му вратат. Една тањирача е околу 700 евра. Еден џондир е 17.000 евра“, вели Митревски.
Искуството покажува дека земјоделците не беа баш вешти во изработката на документацијата, но од друга страна реално треба да си признаеме дека имаше и одредени административни бариери кои преку одредени работи што ги направивме како ИПАРД гилотиња, ги отстранивме.

Пари од ИПАРД фондовите чекаат и малите и средни претпријатија кои обавуваат дејности поврзани со земјоделството. Меѓу нив има лица кои се задоволни од информациите што ги добиваат од Министерството за земјоделство.

„Мојата фирма ќе аплицира за средства со кои ќе произведуваме современа картонска амбалажа за пакување на земјоделски производи кои одат директно на светскиот пазар. Со податоците што ни ги даваат мислам дека ќе ни биде последно при изработката и собирањето на документацијата. Во минатото имавме проблеми зашто не беше многу транспарентно“, вели Томислав Ристевски од Битола.

Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски истакна дека со измените во ИПАРД програмата подобрени се можностите за користење на европските фондови. Парите ќе можат да се искористат за купување механизација, модернизирање на фирмите, обновување на преработувачки капацитети, како и градење и реновирање на објекти за рурален туризам. Досега од оваа програма биле искористени само 9 милиони евра.

„Искуството покажува дека земјоделците не беа баш вешти во изработката на документацијата, но од друга страна реално треба да си признаеме дека имаше и одредени административни бариери кои преку одредени работи што ги направивме како ИПАРД гилотиња, ги отстранивме, па мислам дека ќе имаме поголема моќ во прибирање на европски средства од било кога досега“, рече Коњановски.

Уште еден одглас за користење на средствата од ИПАРД програмата е во тек и ќе трае до крајот на август.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG