Достапни линкови

Власта во Египет ги смета мировните напори за неуспешни


Египет, деновиве

Египет, деновиве

Египетското претседателство соопшти дека меѓународните напори за медијација со цел решавање на кризата во земјата се неуспешни. Власта го обвинува Муслиманското братство за неуспехот. Во соопштението се наведува дека десетдневните дипломатски напори за ставање крај на кризата завршуваат денеска. Реакцијата следи по напорите на американски и европски високи претставници за разрешување на несогласувањата меѓу војската, која е привремена власт во Египет, и подржувачите на екс-претседателот Мухамед Морси, член на Муслиманското братство. На 3 јули војската во земјата го суспендираше уставот по анти-владини протести. Од тогаш подржувачите на екс-претседателот Морси протестираат против ваквата одлука.
XS
SM
MD
LG