Достапни линкови

Земјотрес од 5,3 степени во Грција


Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 12 часот и 8 минути на 30 километри југоисточно од градот Ламија, во централниот дел на Грција, објави весникот „Етнос“. Потресот е почувствуван и во регионот на Атика. Според првичните податоци на Институтот за геодинамика, земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Нема инфорамции за жртви и причинета материјална штета.
XS
SM
MD
LG