Достапни линкови

Советниците на Центар на трупци


Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски.

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски.

Советот на Општина Центар ќе одржи отворена седница во паркчето кај хотел Бристол. Граѓаните се поделени околу сечењето на дрвјата и уништувањето на паркот, околу изгледот на новите згради во Центар и околу улогата на градоначалникот Андреј Жерновски.

Вонредната седница на Советот на Општина Центар вечер од 20 часот ќе се одржи на отворено, во паркчето кај хотел Бристол, таму каде што изминатиот викенд беа исечени дрвјата.
Кој би го дозволил тоа? Никој. Го осудуваме многу тоа, тоа е нешто страшно што се случува тука. Како може тоа нешто да се гради тука? Колкава е Македонската телевизија, а стои празна, толку ли не можат таму да ги преселат, туку најдоа баш тука и тоа паркче да го уништат.

Сечењето на дрвјата и уништувањето на паркот спроти хотелот Бристол за да почне изградбата на зграда на Советот за радиодифузија и покрај противењето на општина Центар и на околните жители, ги подели граѓаните.

Градоначалникот Андреј Жерновски изјави дека е згрозен од вандализмот и варварството на централната власт и дека не можел да направи ништо за да го спречи сечењето на дрвјата, бидејќи одлуката за изградба ја донело претходното раководство, кое ги обезбедило сите потребни дозволи. Владејачката ВМРО- ДПМНЕ реагираше дека направиле многу ​за подобрување на животната средина и дека Советот за радиодифузија со новата зграда ќе заштеди за кирии.

Некои од граѓаните го осудуваат чинот, а други го оправдуваат.

„Кој би го дозволил тоа? Никој. Го осудуваме многу тоа, тоа е нешто страшно што се случува тука. Како може тоа нешто да се гради тука?
Дали се барокни или не се барокни не е важно, важно е дека се градат објекти кои се потребни на државата. Институциите „живеат“ во бараки кои се распаднати.
Колкава е Македонската телевизија, а стои празна, толку ли не можат таму да ги преселат, туку најдоа баш тука и тоа паркче да го уништат.“

„Таму каде што треба да се сечат, би требало да се сечат.“

„Треба се да исечат, да се среди овој град, на што личи.“

„Не е добро, се садело толку време и сега ајде да ги исечеме дрвјата, тоа е неубаво.“

„Кога нешто може да се направи важно и убаво ќе се исечат тие, други дрвја ќе пораснат, а народот сега грабнал ај ќе се тепаме.“

Новата зграда на Советот за радиодифузија е превидено да биде во барок стил, како и фасадата на ЕЛЕМ, ЕВН и ГТЦ. И тука граѓаните не се согласни во однос на плановите на владата да го смени ликот на центарот на градот.

„Го осудуваме и лично јас и уште неколку пријатели. Што ни требаат толку споменици, тоа е нешто страшно тука. Сите се чудат што доаѓаат и од надвор што само тука се гради, само во Скопје.“

„Дали се барокни или не се барокни не е важно, важно е дека се градат објекти кои се потребни на државата. Институциите „живеат“ во бараки кои се распаднати.“

„За некого е добро, за некого не.“

Жерновски е немоќен велат граѓаните, а некои му порачуваат дека треба да соработува со власта.

„Градоначалникот ништо не може да направи, тој е под голем притисок од самиот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски.“

„Тој како градоначалник треба да биде заедно со власта, да биде зближен со нив, да знае што се работи.“

На отворената седница Жерновски го покани да присуствува и премиерот Никола Груевски.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG