Достапни линкови

logo-print

Вонредна состојба во рускиот регион Амур


Реката Амур, 06.08.2013

Реката Амур, 06.08.2013

Рускиот министер за вонредни ситуации, Владимир Пушков, прогласи вонредна состојба во регионот Амур поради големите поплави. Денеска беше соопштено дека нивото на реките Амур и Зеја пораснало за 7 до 10 метри, а се превидува дека и натаму ќе се зголемува поради обилните врнежи и во наредните денови. Пушков изјави дека спасувачки екипи веќе се на теренот, но оти им е потребно засилување. Досега биле поплавени над 300 објекти, а околу 1500 луѓе биле евакуирани.
XS
SM
MD
LG