Достапни линкови

logo-print

Тунис: демонстранти бараат оставка на владата


Десетици илјади луѓе се собраа околу зградата на парламентот во Тунис и бараа оставка од владата предводена од умереното исламистичко движење Енахда. Протестите почнаа синоќа, речиси истовремено со изјавата за медиумите на лидерот на Енахда, Рашед Гануши, кој отфрли каква било помисла за оставка на владата.
Протестите беа одржани по повод шесте месеци од убиството на опозицискиот политичар Чокри Белед, а луѓето носеле и фотографии на неговиот соработник Мохамед Брахими, кој беше убиен пред две недели. За двете убиства се осомничени исламистите, а владата е обвинета поради неуспехот да ги „заузда“ екстремистите.
XS
SM
MD
LG