Достапни линкови

Серија експлозии во Багдад, десетици загинати и повредени


Во серија експлозии на автомобили- бомби во ирачкиот главен град Багдад вчера загинале најмалку 31 лице, а повеќе од 90 се повредени. Според официјални претставници, целта на нападите биле пазари и улици за шопинг во повеќе делови на градот.
Инцидентите само го продолжуваат бранот насилства во Ирак, кои се проследени со се поголеми политички и секташки тензии. Според извори на владата, во минатиот месец во насилствата во земјата загинале речиси 1000 луѓе, што е најкрвав месечен биланс по април 2008 година.
XS
SM
MD
LG