Достапни линкови

Менинг ќе добие најмногу 90 години затвор


Американскиот војник Бредли Менинг, кој оддавал доверливи информации на Викиликс, ќе се соочи со најмногу 90 години затворска казна. Воениот судија Денис Линд ја донесе одлуката вчера, согласувајќи се со предлогот на адвокатите на Менинг за консолидирање на некои од обвиненијата.
Деновиве Линд соопшти дека Менинг е виновен за 20 од 22-те обвиненија, но не и за најсериозното од нив- помагање на непријателот, кое можеше да му донесе и смртна казна.
Пред вчерашната одлука, Менинг се соочуваше со казна затвор до 136 години.
XS
SM
MD
LG