Достапни линкови

Низ тунелот под Босфор мина првиот воз


Низ железничкиот тунел „Мармарaj“ под Босфор вчера мина првиот воз, а меѓу патниците беше и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Тунелот е со должина од 13,6 километри и се наоѓа на 60 метри под нивото на морето. Неговата изградба чинеше пет милијарди долари. Низ него може да транзитираат 75.000 патници на час во двата правца.
Според турските власти, тунелот „Мармарaj“ не е само локален транспортен проект, туку и „алка која ги поврзува железниците од Лондон до Пекинг“.
XS
SM
MD
LG