Достапни линкови

Почина легендарниот џез музичар Џорџ Дјук


Легендарниот џез клавијатурист и продуцент Џорџ Дјук почина од леукемија на 67-годишна возраст. Дјук беше пионер на фјужн џезот, но исто така свиреше и со рок и Р&Б групи за време на неговата кариера која траеше повеќе од 40 години. Меѓу другите, Дјук свирел и со Френк Запа на неколку албуми, како и со џез музичарот Стенли Кларк. Тој свирел клавијатури и на албумот на Мајкл Џексон од 1979 година, „Off the Wall“.
Потоа Дјук беше соло изведувач и објави повеќе од 30 албуми. Тој бил продуцент и на Мајлс Дејвис, Смоки Робинсон, Гледис Најт, Натали Кол.
Последниот албум на Дјук „Dream Weaver“ беше објавен минатиот месец и беше посветен на неговата сопруга, која почина минатата година.
XS
SM
MD
LG