Достапни линкови

logo-print

Барање за ослободување на политички затвореници во Египет


Двајцата американски сенатори кои го посетија Каиро побараа привремената влада која ја состави војската да ги ослободи сите политички затвореници. На прес конференција по билатералните средби во египетскиот главен град, сенаторите Џон МекКејн и Линзи Грахам апелираа за национален дијалог во кој ќе биде вклучено и Муслиманското братство, партијата на отстранетиот претседател Мухамед Морси. Тензиите во Египет ескалираа по одлуката на војската да го отстрани од власт исламистичкиот претседател и да го суспендира уставот по анти-владините протести. Од тогаш, подржувачите на шефот на државата се судираат со полицијата. Во инцидентите по трети јули загинаа 250 лица.
XS
SM
MD
LG