Достапни линкови

Евакуиран американски конзулат во Италија


Италијанските медиуми јавуваат дека американскиот конзулат во Милано бил евакуиран по дојава за бомба во објектот. Новинската агенција АНСА известува дека вработените биле евакуирани од објектот по добиена писмена закана за поставена експлозивна направа. За сега нема дополнителни информации за настанот, кој следи по затворање на американски дипломатски претставништва низ Блискиот исток и Африка поради стравувања од терористички напади.
XS
SM
MD
LG