Достапни линкови

logo-print

ЕУ бара Хрватска да го смени законот за екстрадиција


Европската унија побара од својата нова членка Хрватска да се изјасни околу побараното укинување на законот што го спречува екстрадирањето на лица осомничени за извршување убиства за време на комунизмот, пренесе ДПА. Во предвечерието на приклучувањето кон Унијата, Хрватска донесе закон според кој европските налози за апсења се ограничуваат само за периодот по август 2002 година. Еврокомесарот за правда Вивиан Рединг сега побара од Загреб до 23 август да одговори дали ќе го повлече законот, најавувајќи дека во спротивно ЕУ има намера да ги употреби сите свои расположливи механизми.
XS
SM
MD
LG