Достапни линкови

logo-print

Нови инциденти на турско-сиријската граница


Четворица турски војници се повредени при патрола во околината на селото Бешаслан во близина на турско-сиријската граница. Воената патрола пресретнала група шверцери на гориво, кои кога ги виделе војниците ги запалиле кантите со мазут и избегале. Тројца од повредените се наоѓаат во тешка состојба. Во меѓувреме, во селото Кушакли во реонот на Рејханли дошло до судир меѓу група војници и локални жители, откако војската преземала акција против шверцери со гориво. Во судирите биле повредени осум лица, меѓу кои и едно дете.
XS
SM
MD
LG