Достапни линкови

Девет децении фудбал во струшки Караорман


Фудбалскиот клуб Караорман од Струга одбележа 90 години од формирањето. Клубот е формиран во 1923 година под името Црн Дрим.

Фудбалскиот клуб Караорман од Струга одбележа 90 години од формирањето. Клубот е формиран во 1923 година под името Црн Дрим.

Од „Караорман“ излегоа многу репрезентативци кои ги бранеа боите на Македонија, Артим Шаќири, Величе Шумуликоски, Горан Ниноски, Артим Положани и Фљамур Таири и голманот Лазо Липоски кој беше член на првата Македонска фудбалска репрезентација.

Струшкиот фудбалски клуб Карорман на крајот од минатиот месец одбележа значаен јубилеј 90 години од своето постоење со кој ретко кој друг спортски колектив од Македонија може да се пофали. На најзаслужните поединци за опстојувањето на клубот им беа доделени медали и благодарници, иако клубот денес ни оддалеку не е оној Караорман кој играше значајна улога во времето на поранешна Југославија.
Ние бевме пет браќа кои игравме за „Караорман“. Фудбалот го игравме аматерски и со срце, а стекнав и многу пријатели од Охрид и Струга со кои и ден денес се гледавме.

Најголемиот успех Караорман го имал на крајот од педесетите години на минатиот век кога бил првак на Македонија во фудбал, вели секретарот на ФК Караорман Лупчо Мојсоски. Во 1958 година Караорман се стекнал со право на квалификации за пополнување на Втората југословенска фудбалска лига. Од поново време за истакнување е пласманот во полуфиналето во Купот на Македонија во фудбал во натпреварувачката сезона 2002/2003.

Од „Караорман“ излегоа и многу репрезентативци кои ги бранеа боите на Македонија,Артим Шаќири, Величе Шумуликоски, Горан Ниноски, Артим Положани и Фљамур Таири и голманот Лазо Липоски кој беше член на првата Македонска фудбалска репрезентација која славеше победа над Словенија од 4: 1, вели Мојсоски.

Паско Ѓорѓоноски бил еден од петте браќа кои сите заедно играле за Караорман.
Јас сум од генерација 1958 година и од првиот пдмладок на „Караорман“. После настапот играв за првиот тим на Караорман до 1973 година, а потоа се повлеков од активно играње. Потоа бев тренер во други екипи.

„Ние бевме пет браќа кои игравме за „Караорман“. Фудбалот го игравме аматерски и со срце, а стекнав и многу пријатели од Охрид и Струга со кои и ден денес се гледавме. Јас почнав 1958 година кога дојдов од Скопје каде учев средно училиште во Скопје. За Караорман играв цели десет години. Најголемите успеси ги имаше нашата генерација. Од секогаш има големо другарство во нашиот клуб, од каде произлегоа многу добри фудбалери, успешни тренери“, вели Ѓорѓоноски.

И Аџидемит Ќазими е од постара генерација фудбалери кои играле за Караорман

„Јас сум од генерација 1958 година и од првиот пдмладок на „Караорман“. После настапот играв за првиот тим на Караорман до 1973 година, а потоа се повлеков од активно играње. Потоа бев тренер во други екипи. Минатото не можам да го заборавам од таа генерација од која сега голем број играчи се починати. Бевме хомогена екипа одевме и се враќавме со песна, со која кога патувавме пеевме и се радувавме на сите наши успеси“ вели Ќазими.

Инаку струшки Караорман кој денес се натпреварува во подолните рангови на натпреварување е формиран на 23 јуни 1923 година во куќата на Димитри Попчето од група на неколку младинци, работници и студенти. Во ракмите на одбележувањето на деветдецинскиот јубилеј Караорман одригра два натпревари со екипите на „Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, додека првиот фудбалски натпревар Караорман го одиграл на 19 јуни 1924 година со тогашниот фудбалски клуб „Победа“ од соседен Охрид. Дури 28 сезони Караорман се натпреварувал во првата македонска фудбалска лига
XS
SM
MD
LG