Достапни линкови

logo-print

Одложено судењето на екс-лидерот на Пакистан


Судот во Пакистан го одложи рочиштето на екс-лидерот Первез Мушараф обвинет за заговарање на убиството на покојниот опозицикски лидер Беназир Буто. Надлежните соопштија дека сослушувањето е презакажано за 20 август затоа што Мушараф не можел да пристигне до судницата поради тоа што добивал закани по живот. Мушараф владееше со Пакистан од 1999 до 2008 година и во изминативе три месеци е во куќен притвор. Опозиционерката Буто беше убиена во атентат во 2007 година.
XS
SM
MD
LG