Достапни линкови

Државата втор пат откажа задолжување на домашниот пазар


Министерството за финансии ја откажа за денеска закажаната аукција на државни хартии од вредност. Ова е втора по ред аукција на државни хартии од вредност која се откажува во рок од еден месец. Одлуката, според министерството, е донесена „со цел да се излезе во пресрет на бизнис заедницата и да се подигне ликвидноста на стопанството“. Инаку, претходно дел од стопанствениците забележуваа дека со домашното задолжување преку државни записи, државата зема дел од банкарскиот капитал кој може да се пласира во форма на кредити за приватниот сектор.
XS
SM
MD
LG