Достапни линкови

Трговскиот дефицит катастрофа за неконкурентната економија


Големиот трговски дефицит ќе има катастрофални последици и покажува дека економијата не е конкурентна. Нешто мора да се менува оти во Македонија се увезува храна а владата го субвенционира земјоделството.

Загрижувачка е состојбата со трговскиот дефицит кој во првите шест месеци од годината според Државниот завод за статистика достигна речиси 1 милијарда и 200 милиони долари, што ќе има катастрофални последици за домашната економија, велат експертите. Најмногу увезуваме и извезуваме во земјите од ЕУ и Западен Балкан. Економскиот аналитичар Слободан Најдовски вели дека ако продолжи таквото темпо трговскиот дефицит до крајот на годината ќе изнесува две ипол милијарди долари.
Минусното салдо во однос на размената на трговски стоки со странство, покажуваа дека македонската економија се уште не е конкурентна за да се носи со развиените земји барем за оние стоки кои во Република Македонија ги имаме во доволно количини.
Слободан Најдовски, економски аналитичар.

„Минусното салдо во однос на размената на трговски стоки со странство, покажуваа дека македонската економија се уште не е конкурентна за да се носи со развиените земји барем за оние стоки кои во Република Македонија ги имаме во доволно количини. Загрижувачка е состојбата што понатаму се зголемува износот на увозот на храна, а од друга страна се даваат големи субвенции токму во земјоделието за производство на храна.“

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека проблемот е во тоа што западните и азиските земји се повеќе инвестираат во висока технологија и во финализација на производството, а ние заостануваме и затоа се соочуваме
Ништо не постигнуваме, освен што го правиме индустриското производство неатрактивно за извоз и освен што држиме огромна стапка на невработеност, бидејќи таа индустрија нема потреба од работа, а живеат увозниците, прекупците, трговците и финансиските манипуланти, нормално и банкарите, меѓутоа на реалното стопанство тоа му е смрт, тоа му е рак рана.
Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.
со голем трговски дефицит. Според него, најголемата болка на македонската економија е прескапиот денар, кој не прави извозно неатрактивни.

„За жал монтарната политика и монетарните власти во Македонија, но и фискалните, дваесет години не сакаат да го сфатат тоа, многу поедноставно им е да имаат стабилен курс на денарот мислејќи дека со тоа нешто постигнуваме. Ништо не постигнуваме, освен што го правиме индустриското производство неатрактивно за извоз и освен што држиме огромна стапка на невработеност, бидејќи таа индустрија нема потреба од работа, а живеат увозниците, прекупците, трговците и финансиските манипуланти, нормално и банкарите, меѓутоа на реалното стопанство тоа му е смрт, тоа му е рак рана.“

Според Најдовски владата треба да се преземат мерки за стимулирање на извозот, посебно на производите кои се карактеристични за Македонија.

„Стимулирањето коешто го прави владата за увоз на производи коишто имаат мала додатна вредност во Република Македонија, тие нема да се одразат на намалување на трговскиот дефицит, напротив треба да се стимулира извозот на производи и на услуги коишто во најголем дел ќе имаат компонента од домашна суровина или домашен ум.“

Податоците на статистика покажуваат дека најмногу тргуваме со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG