Достапни линкови

Еди Рама во приватна посета на Атина


 Еди Рама

Еди Рама

Новоизбраниот албански премиер Еди Рама вчера бил во приватна посета на Атина и се сретнал со грчкиот колега Андонис Самарас, објави грчкиот весник „Имерисија“. Во рамките на посетата се одржала и средба на Еди Рама со шефот на дипломатијата Евангелос Венизелос. На крајот на минатата недела Еди Рама, кој ја презема премиерската функција во септември, имаше средба во Анкара и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Во интервју за Си-Eн-Eн Tурк, тој изјави дека „Италија, Турција и Грција и се стратегиски партнери на Албанија“.
XS
SM
MD
LG