Достапни линкови

Престрелка на границата меѓу Индија и Пакистан


Индиските власти соопштија дека пакистанските сили денеска убиле пет индијски војници во Кашмир. Инцидентот се случил на таканаречената Контролна линија, која де факто претставува граница меѓу двете земји. Индиската армија оцени дека станува збор за најголемо нарушување на примирјето воспоставено во 2003 година. Пакистанската војска демантира дека имало престрелка на границата. До ова доаѓа на неколку денови откако Пакистан предложи обновување на мировните разговори со Индија.
XS
SM
MD
LG