Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ ги осуди пресудите на новинарите во Турција


ОБСЕ ги осуди пресудите изречени на десетина новинари и писатели во Турција, истакнувајќи дека земјата ја прекршила посветеноста на слободата на говорот и независноста на медиумите. „ Со кривично гонење на оние кои поинаку мислат се кршат основните човекови права на слободно изразување“, се наведува во соопштението на претставничката за слобода на медиуми на организацијата Дуња Мијатовиќ. Во затворот Силиври, во близина на Истанбул, вчера се осудени десетина медиумски работници на казни од шест години затвор до доживотна робија. Тие се осудени во рамки на големиот судски процес за помагање или членство во Ергенекон, која турските власти ја сметаат за терористичка организација. Во прашање е судење на група од 254 припадници на војската, обвинети дека поттикнувале на оружен бунт против премиерот Реџеп Таип Ердоган.
XS
SM
MD
LG