Достапни линкови

Самарас отпатува во посета на САД


Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас синоќа замина во тридневна посета на Соединетите држави, во чии рамки в четврток ќе се сретне и со претседателот Барак Обама. По средбата со Обама, Самарас во Њујорк ќе има одвоени средби со градоначалникот Мајкл Блумберг, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и претседателот на Американскиот еврејски комитет Дејвид Харис. Провладиниот весник „Катимерини“ во текстот за средбата на Самарас со Обама потсети дека „Вашингтон е подготвен да се активира за решавање на кипарскиот проблем и прашањето за името“ на Македонија, додека весникот „Парон“ дека Обама ќе извршел голем притисок врз Самарас.
XS
SM
MD
LG