Достапни линкови

САД-Започнува судењето за убиство на војници во Тексас


Нидал Хасан

Нидал Хасан

Судскиот процес против воениот офицер Нидал Хасан кој е обвинет за убиството на 13 војници во база во Тексас треба да започне денеска. Хасан ја призна вината за нападот во ноември во 2009 година и може да се соочи со смртна казна доколку биде осуден по 13 точки од обвинението за убиство со предумисла и за 32 точки за обид за убиство со предумисла. Повеќе од 30 лица беа повредени во престрелката, а некои од нив се очекува да се појават како сведоци во случајот.
Според Хасан, убиствата биле оправдани и биле со цел да се спречи нападот врз талибанците кои се борат против американските војници во Авганистан.
XS
SM
MD
LG