Достапни линкови

Брз воз излета од шините кај Ужице


Брз воз кој сообраќал на релација Белград-Бар, попладнево излета од шините на излезот од српскиот град Ужице. Според првичните информации, во несреќата нема повредени. Како што јави Анадолија, несреќата се случила кај местото Турица на излезот од Ужице, каде максималната дозволена брзина на движење е 20 километри на час. При несреќата излетал само еден дел од локомотивата, додека вагоните останале на шините. Железничарите сметаат дека најверојатна причина за несреќата е застареноста на шините.
XS
SM
MD
LG