Достапни линкови

Нови протести во Турција, полицијата фрла солзавец


Турската полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собраа пред Судот во истанбулското предградие Силиври, каде се изрекуваа пресудите на обвинетите во процесот „Ергенкон“. Првично пред Судот се собра помала група луѓе, но постепено бројот на демонстрантите се зголемуваше. Полицијата упати предупредување до насобраните да се повлечат, но откако демонстрантите не ја послушаа наредбата, силите за зачувување на редот употребија солзавец. Изрекувањето на пресудите во процесот Ергенекон, поврзан со наводен заговор за државен удар против Владата, почна денеска попладне со тричасовно задоцнување. Повеќе од 270 лица се товарат за наводно организирање на државен пуч преку протестите против уништувањето на паркот Гези кои брзо прераснаа во анти-владини демонстрации. Поранешниот началник на турската војска Илкер Башбуг доби доживотна казна затвор. Тој беше на чело со вооружените сили од 2008 до 2010 година и ги одбива обвиненијата против него. Над 20 лица беа ослободени а дел од обвинетите добија и по 20 години затвор.
XS
SM
MD
LG