Достапни линкови

Мнозинство анкетирани се против вонредни избори во Србија


Мнозинство од граѓаните на Србија се против распишување предвремени парламентарни избори и веруваат дека реконструирана влада ќе функционира подобро отколку досега, покажува истражување на агенцијата „Ипсос стратеџик маркетинг“, објави весникот „Новости“. Резултатите од истражувањето покажуваат дека 79 отсто од анкетираните сметаат дека е подобро владата да биде реконструирана отколку да бидат распишани предвремени парламентарни избори. Истражувањето е спроведено на 31 јули по телефон врз репрезентативен примерок од 1.200 возрасни граѓани на Србија
XS
SM
MD
LG