Достапни линкови

Крушевчани по нотар во Битола и Прилеп


Крушевчани се жалат што за потпис кај нотари одат во соседните градови. Тоа им се отежнува постапката, трошоците се зголемуваат, а не ретко патуваат и по два до три дена за да ги комплетираат потребните документи. Затоа бараат што поскоро да се реши проблемот.

Крушевчанецот Блаже Саздоски, не може со месеци, да ја легализира својата куќа, зашто во градот неколку месеци нема нотар. Се обидувал проблемот да го реши обраќајќи се кај нотарите во Прилеп и Битола, но како што вели му било потенцирано дека овој тип договори од сферата на имотно-правните односи, мора да се заверат кај нотар во местото на живеење.
Чекам банка да ми преведе една куќа, не можеме да го решиме проблемот, бидејќи немаме нотар во Крушево. Банката поднесе барање до Скопје, за да се завери договорот во Прилеп или Битола, но добивме одговор дека не може додека не се именува нов нотар во Крушево и останува тоа отворено.
Блаже Саздовски, жител на Крушево.

„Чекам банка да ми преведе една куќа, не можеме да го решиме проблемот, бидејќи немаме нотар во Крушево. Банката поднесе барање до Скопје, за да се завери договорот во Прилеп или Битола, но добивме одговор дека не може додека не се именува нов нотар во Крушево и останува тоа отворено“, вели Саздовски, жител на Крушево.

Крушевчани се жалат, затоа што за прашања кои може да ги решат со заверка на потписи кај нотари во соседните градови, им се отежнува постапката, трошоците се зголемуваат, бараат слободни денови, а не ретко патуваат и по два до три дена за да ги комплетираат потребните документи. Затоа бараат што поскоро да се реши проблемот.
Во Крушево нема нотар, нотарската канцеларија се затвори, се очекува Министерството за правда да изврши избор, меѓутоа граѓаните и покрај оваа криза и сиромаштија се изложени на дополнителни трошоци, да одат најобични изјави да ги заверуваат во Прилеп, во Битола, тие се најблиски места. Иницираме како советничка група да ги промениме овие проблеми.
Спасе Стојчески, координатор на советничката група од СДСМ во крушевскиот Совет.

„Поради неколку месечното неприсуство на нотар, граѓаните од Крушево се принудени за дел од оние обврски што ги имаат за правниот промет на земјава, да одат во Прилеп. Но, таму може само дел од правните, нотарски обврски да ги завршат, а другите не.“

„Голем проблем е отсуството на нотар во градот, треба да одиме или во Прилеп или во Битола.“

„Кој како се снаоѓа,некој Прилеп,некој Битола, кој како ќе се снајде, така.“

„Во Прилеп тие што им треба во Прилеп и во Битола одат, мора да одат надвор од градот.“

Не само граѓаните, реагира и советничката група од СДСМ во општинскиот Совет и иницира поскоро решавање на проблемот.

„Во Крушево нема нотар, нотарската канцеларија се затвори, се очекува Министерството за правда да изврши избор, меѓутоа граѓаните и покрај оваа криза и сиромаштија се изложени на дополнителни трошоци, да одат најобични изјави да ги заверуваат во Прилеп, во Битола, тие се најблиски места. Иницираме како советничка група да ги промениме овие проблеми“, вели Спасе Стојчески, координатор на советничката група од СДСМ во крушевскиот Совет.

Граѓаните дури и не знаат каде да се обратат за помош, зашто во подрачната канцеларија на Министерството има само еден вработен, за бесплатна правна помош.

Портпаролот на Министерството, Мирјана Илијева со допис, потврдува дека во градот, нотарот е разрешен од ресорниот министер со решение од 8 мај, годинава, а поради сторени потешки повреди. За да им се овозможи на граѓаните на Крушево, непречено да ги остваруваат правата од областа на нотарството, Министерството,како што стои во дописот, има распишано конкурс за именување нотар на 4-ти јули. По истекот на рокот од 15 дена од објавувањето на конкурсот, во законски рок ќе се изврши избор на нов нотар.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG